Тоа е пчелниот лепак-прополис.

Инаку зборот прополис доаѓа од грчките зборови про, што значи пред и полис, што значи град. Тој назив доаѓа од тоа што пчелите со прополисот го стеснуваат влезот во пчелиниот град за сите несакани гости.

Со прополисот пчелите ги заѕидуваат пукнатините во кошницата, ги прицврстуваат гредите на рамките на жлебовите на својот восочен дворец, ги полираат ќелиите на саќето кои служат како складишта за мед и поленов прав, како и колевка за ларви. Со прополисот пчелите го обложуваат усмртените животинки кои продреле во кошницата (гуштери, змии и глувци) и на тој начин го спречуваат распаѓањето и трулењето на лешевите, па со тоа го спасуваат многубројното пчелино население во кошницата од непријатната реа и бактериската флора.

Прополисот е смолесто-леплива материја кој што пчелите го произведуваат со собирање смолести материи од пупките на некои растенија како што се бреза,ела,топола и др. и со додавање на восок и секрети од нивните жлезди. Бојата зависи од кое растение го собрале и најчесто се движи од зелна до темно црвена боја. Мирисот е специфичени е со горчлив вкус. Не е растворлив во вода. Се раствора во 96% алкохол.
Се користи за лечење на кожни повреди, рани инфекции и др. Во последно време се користи за лечење на канцерогени болести како рак на грло и желудник.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s